Категории

Поучна приказна: Луѓето сакаат да живеат како паразити

Стршленот и понатаму добивал извештаи, но сега забележал дека фирмата веќе не е толку рентабилна како што била некогаш. Тоа многу го загрижило и решил да реагира. Го најмил молецот, кој бил најелитниот консултант кој можел да го ангажира. Негова задача била да изврши целосна анализа на работата на фирмата и да предложи мерки за таа пак да работи рентабилно. По три месеци анализа, молецот на стршленот му дал извештај во кој пишувало дека во фирмата има премногу вработени. Директорот стршлен ја прифатил анализата и веднаш ја отпуштил мравката.

Поука бр. 1: Ако си вредна и весела мравка, не очекувај воодушевување затоа што нема оправдување за твојата љубов кон работата и среќата што таа ти ја носи. Другите не сакаат да го гледаат тоа и затоа не се исплати секогаш да се биде најспособниот и најдобриот работник. Ако сакаш да бидеш таков, основај своја фирма за да не мораш да работиш за стршlенот, бубамарата, пајакот, хрчакот, скакулецот, лебарката и молецот. Но имај предвид дека сепак ќе мора понекогаш да се дружиш со нив за да ја одржиш фирмата на нозе.

Поука бр. 2: За жал, оваа приказна е заснована на научни истражувања кои потврдуваат дека големо мнозинство од луѓето се склони кон паразитски начин на живот.

1 2

Прегледи:
677
Објавено на:
11.03.2016