Категории

Поучна приказна за сите родители: Една баба чекала ред да плати на касата во самопослуга…

Една баба била на касата на голема самопослуга чекајќи ред да плати. Позади неа стоела една млада жена со нејзиниот немирен син од 9-10 години.

Синот постојано ја туркал количката на мајка си со која веќе неколку пати ја удрил бабата по нозете. Бабата се свртела кон малото момче и го замолила да престане да ја удира. Бидејќи малиот продолжил да ја удира, таа и се обратила на неговата мајка:

„Зарем не можете да му наредите на вашиот син да престане да ме удира?“

Младата госпоѓа и одговорила: „Не. Мојата метода при воспитувањето му дозволува слободно да прави што ќе посака, сѐ додека до неговата свест не дојде дека не е во ред да го прави тоа. Таа метода е многу ефикасна.“

Во редот позади младата жена со детето стоел и еден дечко на возраст од 20-тина години кој внимателно слушал, а во рацете држел тегла со џем од црвени рибизли. Кога дамата го завршила своето објаснување за методите на воспитување, тој го отворил капачето од теглата и мирно го истурил џемот врз главата на младата дама.

Таа бесна се свртела кон дечкото, а тој ладнокрвно и одговорил:

„Знаете госпоѓо, јас сум воспитан да правам што ќе посакам на ист начин како и вашиот син. И еве, ова се резултатите!“

Старицата весело се свртела кон благајничката и ѝ рекла:

„Ве молам, ставете ја и теглата џем на мојата сметка.“

Прегледи:
739
Објавено на:
26.09.2019