Категории

Повторно скандал со таткото на Меган Маркл: Еве зошто не дошол на свадбата на ќерка му!

Томас Маркл поради здравствени проблеми не ја испратил ќерка си до олтарот, а странските медиуми сега тврдат дека тој не дошол на свадбата, бидејќи, наводно, барал пари од ќерка си пред венчавката. Томас два пати контактирал со Меган, а таа одбила да му помогне.

Таткото на Меган Маркл ги отфрла ваквите тврдења и вели дека парите никогаш не биле тема на нивните разговори, но изјавил и дека ќерка му сигурно би му излегла во пресрет кога би имало таква потреба.

Томас Маркл имал операција на срце два дена пред венчавката, моментално заздравува од оперативниот зафат, а следната недела има закажано контрола.

Да се потсетиме дека Томас Маркл се најде во центарот на вниманието откако беше откриено дека соработувал со папараците и направил лажни фотографии, поради што бил платен. Потоа, тој јавно се извинил за својата постапка.

Единствениот член од семејството на невестата кој присуствувал на кралската венчавка, била мајка и’ Дорија Рагланд.

Извор : Убавина&Здравје.мк

Прегледи:
337
Објавено на:
04.06.2018