Изминатата недела, Скопје стана центар на модата со третото издание на Скопскиот моден фестивал. Градот се претвори во модна писта каде илјадници гости и љубители на модата имаа ретка можност да ги видат ревиите и ексклузивните колекции на многу препознатливи дизајнери од Македонија и Балканот. На овој моден спектакл се придружија и популарни ѕвезди и млади таленти, кои што со своите музички и сценски настапи ја направија тродневната програма на настанот уште повпечатлива.
После долга пауза од модната сцена, нашата манекенка и пејачка Кристина Поптрпева се врати на модната писта токму на овој фестивал, оставајќи впечаток со нејзината природна убавина и стил.
Во изминатите години, Кристина Поптрпева започна да ја освојува модната сцена со својата природна убавина. Таа се истакна како една од најубавите манекенки кај нас, а нејзината кариера траеше неколку години. Но, она што вистински го привлече вниманието на јавноста беше нејзиното впечатливо појавување на модната сцена. На само 14 години, таа беше прогласена за прва придружничка Мис на Македонија во 2015 година, што го обележа почетокот на нејзината модна приказна.
Со впечатлива кариера и многу титули од интернационални избори за убавина, Кристина важеше за една од најангажираните модели во Македонија. Нејзината богата модна приказна вклучува многу ревии, реклами, каталози, билборди и музички спотови, и тоа не само во Македонија, туку и надвор од неа.
Во јануари 2022 година, нејзината животна приказна доби значаен момент, кога стана мајка на синот Илин и се оддалечи од модната сцена.
Сепак, по двегодишната пауза, Кристина се врати како уште поубава и посилна верзија од себе. Нејзината доминација на Скопскиот моден фестивал беше вистинско изненадување и восхитување за сите присутни. Таа беше активно присутна сите три дена на фестивалот и се појави скоро на сите ревии, вклучувајќи ја и ревијата на Елена Лука.
На првата вечер, таа ја отвори ревијата на брендот “Сербез,” креиран од тим инспириран од жени кои твореле и го менувале светот, претставувајќи ја жената како слободно, силно и самостојно битие.
Во втората вечер, Кристина се појави во специјално креирана креација од висока мода, украсена со бисери, специфични детали и долг вел. Таа ја затвори ревијата на Бианка Споса, а потоа, заедно со креаторката, се појави на модната сцена, држејќи се за рака, по што следеше громогласен аплауз од присутната публика, кој беше израз на восхитување и почит за целокупната ревија и колекција.
Истата вечер, таа ја затвори и ревијата на Меѓународниот Балкански Универзитет. На третиот ден, Кристина продолжи да воодушевува, учествувајќи во ревијата на La Maison Cece T и ревијата на Ивана Кнез, каде го затвори првиот дел од ревијата со стил.
Нејзиот повраток на модната сцена е вистински триумф и впечатлив начин да се најави нејзиното враќање. Таа не само што се појави со уште поголем стил и убавина, туку и со неверојатна сигурност доминираше на модниот фестивал. Покрај нејзината успешна модна кариера, таа ја покажа својата мултидисциплинарност и амбиција во областа на музиката издавајќи две песни, “Никад доста” и дуетот “Беби“.
Кристина не само што го потврди своето враќање на модната сцена, туку и најави свој повраток на македонската музичка сцена. Нејзината исклучителна универзалност и талент сигурно ќе продолжат да не восхитуваат и во иднина.