Запознајте го Косташ Мугурел, романскиот пожарникар кој херојски спаси едно кутре од сигурна смрт!
Косташ бил првиот кој се одзвал на повикот на 51-годишниот човек чиј дом изгорел во пожар. Човекот бил однесен во болница, но неговото кутре безживотно лежело на тротоарот.
Овој прекрасен човек му покажа на светот дека не постои разлика кога се работи за нечиј живот, и врз кутрето изведе зафати кои се задолжителни при секое пружање на прва помош – му ги масираше градите, му стави маска со кислород, па дури и му даваше воздух уста на уста! Иако е тешко да се забележи на снимката, кога стигна до делот кога му беше ставена маската со кислород, кутрето беше живо!
https://www.youtube.com/watch?v=HeMqUoEisMA
Скромниот пожарникар кратко изјави дека само си ја вршел работата, и дека пожарникарите никого не оставаат на цедило. Вечно сме му благодарни на овој благороден човек кој му покажа на светот дека сите имаат еднакво право на живот и на љубов!