Категории

Познат психолог ја открива вистината позади зошто имаме проблеми со пари

Парите се тесно поврзани со нашата психолошка состојба. Има луѓе кои колку и да заработат никогаш нема да им бидат доволни. Од друга страна, некои луѓе постојано очајуваат бидејќи немаат пари, а не прават ништо за да ги променат. Познатиот руски психолог Михаил Лабковски открива зошто е тоа така, како и колку нашата внатрешна ситуација влијае на финансискиот аспект:

„Нашиот однос кон парите го отсликува она што се случува во нас. Ако некој има нервоза, секогаш ќе се грижи за финансиите. Дури и да е милионер, секогаш ќе го мачи прашањето за просперитетот. Знаете, има луѓе кои се плашат да трошат, размислуваат кога купуваат нешто што мислат дека е „екстра“, ја напуштаат продавницата со чувство на страв за утре.

Таквите луѓе страдаат од анксиозност и не можат мирно да се разделат со парите, бидејќи целиот живот им изгледа како нешто страшно и опасно. Можеби имале дисфункционално детство и разбирливо се плашат од сиромаштија. И се случува личноста да порасне во богато семејство, но се плаши да не изгуби пари. На овој начин го пренесуваме стравот и сопствените искуства во паричникот.

Има и спротивна слика: кога човек импулсивно троши и троши, никогаш не го организира буџетот и останува речиси на нула до платата. Тоа е истата анксиозност. Но, овој пат човекот не се плаши од недостаток на пари, туку од самите пари. Парите му предизвикуваат вознемиреност со која не може да се справи. И како резултат на тоа, тој едноставно се обидува да се ослободи од парите.

Нормалниот, здрав однос кон парите секогаш треба да биде рационален и мирен. Треба да се ужива во шопингот, да се прават финансиски пресметки целосно неемоционално, парите да не предизвикуваат живи чувства.“ – објасни Михаил Лабковски.

Како заклучок, добро сте организирани кога трошите пари, рационално ги планирате финансиите, но не дозволувајте финансиската ситуација да ви ја загрози самодовербата, да се чувствувате лошо, да ви го расипе расположението и да донесе немир. Исполнети со внатрешен мир и ладен ум, постапете со вашите пари.

Прегледи:
544
Објавено на:
22.02.2022