Категории

Познат целиот line up на Skopje Calling 2018! Alan Walker наместо на 02 јуни настапува на 24 јуни, а доаѓаат и Nouvelle Vauge!

Ова е финалниот line-up за четиридневниот фестивал SKOPJE CALLING 2018. Фестивалот го отвораат AXWELL & INGROSSO на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат MORCHEEBA, а како специјално изненадување, Авалон продукција ја најавуваат- големата француска атракција NOUVELLE VAGUE, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер!

На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- ТEXAS, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и ДАРКО РУНДЕК со неговиот бенд.

Фестивалот го затвора последната голема ѕвезда на електронската музика, ALAN WALKER, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.

Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија!

ВАЖНО: Сите оние што имаат купено влезници за ALAN WALKER за 02 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни.

Локациите за настапите на SISTER BLISS и ROGER SANCHEZ ќе бидат објавени следната недела!

Цените на влезниците за настаните се следни:

AXWELL & INGROSSO:

ПАРТЕР 2- 1000 денари

ПАРТЕР 1- 1500 денари

ФАН ПИТ- 2000 денари

MORCHEEBA & NOUVELLE VAGUE:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

TEXAS & DARKO RUNDEK:

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

ALAN WALKER

ПАРТЕР- 1000 денари

ФАН ПИТ- 1500 денари

Исто така, од понеделник, 28 мај, ќе има во продажба и блок карти за сите четири фестивалски денови, по цени од:

ПАРТЕР- 2000 денари

ФАН ПИТ- 3000 денари