Категории

Позната инфлуенсерка на Инстаграм „нападната“ околу нејзините фотографии дека се монтажа

Фановите на Инстаграм ја нападнаа познатата инфлуенсерка Тупи Саравиа дека ги монтира фотографиите од нејзините патувања. Тие тврдат дека на секоја нејзина слика небото и облаците се сосема исти, напаѓајќи дека фотографиите се лажни и се монтажа.

Денес откако во светот најголемата моќ ја поседуваат инстаграм инфлуенсерите и блогерите, тие не престануваат да бидат мета на своите фанови. Никој не знае што се крие позади велот на инстаграм ѕвездите кои пласираат „совршен живот“ постирајќи фотографии од своите патувања и одмори на егзотични локации и луксузни резорти, но вистината позади нивниот успех и влијание кое го имаат врз масата полека почнува да излегува на виделина. Една од тие е и Тупи Саравиа, позната инфлуенсерка која беше нападната дека користи фотошоп на своите фотографии кои ги објавува на својот Инстаграм профил, а како беше откриена нејзината тајна? Нејзините следачи открија нешто чудно на секоја фотографија. Секаде небото и облаците изгледаат исто, тие положија и докази против неа.


Во своја одбрана Тупи изјави дека никогаш не го криела фактот дека таа ги едитира своите фотографии.

„Не секогаш кога се фотографирам небото изгледа убаво, па затоа користам една апликација која ми дозволува да го променам неговиот изглед. Се заради естетика, фотографиите се вистински.“

Таа сподели стори на својот профил на кој низ шега го сподели тоа, изјавувајќи дека некои луѓе се навистина чудни што успеале да го заприметат тоа, притоа изјавувајќи: „Неверојатно! Во какво време живееме!“

Прегледи:
541
Објавено на:
03.09.2019