Категории

Познатата босанска инфлуенсерка пружи поддршка во борбата против расизмот и беше жестоко искритикувана

Една од најпознатите балкански инфлуенсерки Хана Хаџиавдагич – Табакович, одлучи да пружи поддршка во борбата против расизмот во Соединетите Американски Држави.

Прес седум дена во Минеаполис, американецот со темна боја на кожа Џорџ Флојд почина поради брутална интервенција на четворица полицајци.

Во текот на изминатата седмица ширум САД избија големи протести во повеќе од сто градови, а поддршка во борбата против расизмот пружија и бројни познати личности од сите сфери.

Една од нив е и Хана која одлучи да ја „корегира“ својата фотографија.
35-годишната босанка, објави фотографија на која ја потемнила својата кожа во апликација за корегирање слики, а покрај неа јасно порача: „Во расистичкото општество не е доволно само да се каже дека не си расист. Треба да бидеш гласно против расизмот.“

Оваа фотографија беше набрзо избришана, а потоа Хана повторно се огласи за да објасни зошто го направила тоа.
„Се извинувам јавно ако некого сум навредила тоа не беше мојата намера. АКо некој на друштвените мрежи се бори за еднаквост, човекови права и љубов тоа сум јас. Некој кој детството го поминал во подрумот на завојуваното Сараево затоа што мојата вера на одговарала не нечии политички идеи. Немојте да влегувате во дискусии со мене околу почитувањето на другите и поинаквите ЗАТОА ШТО ОД СИТЕ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ ЈАС ГО ПРАВАТ ТОА НАЈМНОГУ! ЈАВНО!“ Започна Хана и им порача на критичарите остри пцовки.

„Ние на Балканот треба пред се да го решиме проблемот кој го имаме со Ромите и да почнеме да размислуваме како се однесуваме спрема нив, какви вицови кажуваме и како ги измејуваме луѓето кои живеат со нас, а потоа да се занимавамае со Америка.“, продолжува таа.

„Прво исчисти го сопствениот двор, а потоа размисли за постапките па дури потоа продолжи понатаму“, заклучи таа.

Прегледи:
528
Објавено на:
02.06.2020