Категории

Познатата пеачка Ели Гулдинг го кажа судбоносното „Да!“ во венчаница во викторијански стил

Познатата англиска музичкарка и текстописец, Ели Гулдинг викендов го кажа судбоносното „Да!“ на својот долгогодишен свршеник Каспар Џоплинг. 32-годишната ѕвезда носеше венчаница од брендот Chloe за која беа потребни 640 часа да биде изработен.

Додека се движеше кон катедралата во Јорк Минстер, пеачката изгледаше божествено додека благиот ветар го одвејуваше нејзиниот вел за кого беа потребни 591 час во изработка.
Парот одличи својата брачна заклетва да ја изречи во познатата катедрала од викторијански стил во Англија каде е роден младоженецот, инаку сопственик на уметнички галерии. Гулдинг исто така се одлучи за венчаница во викторијански стил која ќе парира на целокупната атмосфера во која се одржуваше нивната свадбена церемонија. Од модната куќа Chloe, креативниот дизајнер Наташа Ремзи Леви која стоеше зад изработката на венчаницата изјави дека тоа е една од омилените венчаници кои ги изработила во текот на нејзината кариера како дизајнер.

Венчаницата беше изработен од свила и креп, со рачно извезени бели рози кои се симболот на Јорк и го претставуваат местото каде парот се венча. Додека на велот исто така беа извезени иницијалите на младоженците.
После разменувањето на заветите, невестата облече втор невестински фустан повторно во кралски стил кој потсеќаше на оној кој го носеше војвотката Меган Маркл на свадбената церемонија со принцот Хари. Тој беше изработка на модната куќа на дизајнерката Стела Мекартни.

Помеѓу гостите на свадбената церемонија присуствуваа Кети Пери, Орландо Блум, Сиена Милер, принцезата Еугенија и принцезата Беатрис.

Прегледи:
460
Објавено на:
04.09.2019