Категории

Познати двојките за четрврт-финалето во Лигата на Шампионите: Јувентус на мегдан со Реал M., Сити против Ливерпул

Јувентус против Реал Мадрид е најзвучната двојка во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Двојките беа извлечени предмалку, а Барселона ја доби Рома, Севилја ќе игра против Баерн Минхен. Во англискиот дуел Ливерпул за ривал го доби Манчестер Сити.

Првите мечеви од четвртфиналето се играат на 3 и 4 април, додека реванш дуелите се закажани за 10 и 11 април. Во четвртфиналето има дури пет клубови кои биле на европскиот трон, а заедно вкупно 29 пати го освојувале трофејот.

Барселона – Рома

Севилја – Баерн Минхен

Јувентус – Реал Мадрид

Ливерпул – Манчестер Сити

Прегледи:
453
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
16.03.2018