Категории

Прамен од косата на Абрахам Линколн продаден за 81,000 долари

Прамен од косата на Абрахам Линколн, заедно со крвавиот телеграм за неговиот атентат во 1865 година е продаден на аукција за повеќе од 81,000 амерички долари.

Предметите се продадени на аукција која е одржана во аукциската куќа РР со седиште во Бостон.

Не е откриена нити една информација за купувачот.

Околу пет центиметри долг прамен коса од некогашниот американски претседател бил отсечен за време на лекарскиот преглед после убиството, брзо откако Џон Вилкс Бат смртно го рани Линколн во театарот Форд во Вашингтон.

Праменот бил предаден на докторот Лајман Бичер Тод, шеф на поштата во Кентаки и роднина на Мари Тод Линколн, вдовицата на 16-от американски претседател. Докторот Тод бил присутен кога било прегледано телото на Линколн.

Косата била поставена на официјалниот телеграм на Военото одделение кој на докторот му го испратил неговиот помошник во поштата. Телеграмот е примен во 23 часот, на 14 април 1865 година во Вашингтон.

Аукциската куќа ја загарантирала автентичноста на праменот и телеграмот.

Телеграмот е значаен затоа што ја негира теоријата дека тогашниот министер за воени работи Едвин Стентон планирал да го убие Линколн поради нивните лични и политички разлики.

Прегледи:
923
Објавено на:
24.10.2020