Категории

Прашања кои никогаш не треба да му ги поставите на пилот

Кога се качувате во авион, потполно е нормално да го поздравите екипажт, да прашате доколку нешто ве интересира поврзано со летот, но треба да избегнувајте некои прашања.

Еден од членовите на екипажот открива кои прашања никогша не смеете да ги поставувате или да се шегувате, а тоа е дали пилотот пиел алкохол.

„Ако го прашате пилотот дали пиел, тоа не е во ред. Многумина само љубезно ќе се повлечат на должноста и ќе побараат да им биде направен тест за алкохол во крвта. Тоа бара транспорт до одредена установа во која ќе е потребно вреем тоа да се објави, тоа е сериозна работа“, наведува изворот.

Тоа значи дека полетувањето би било одложено најмалку два часа додека не пронајдат соодветна замена. Неретко доаѓа и до откажување на летот. Таквите обвиненија се земаат доста сериозно, како и шегите за бомби на место каде се врши претрес на патниците.

Прегледи:
871
Објавено на:
09.11.2020