Категории

Прашања кои треба да ги одговорите пред да кажете „Те сакам“

Првото „Те сакам“ е многу важно во секоја врска. Кога сте во сериозна врска и навистина сте размислиле за вашите чувства, тогаш можеби ќе помислите дека е правото време да го кажете тоа.

 

Кога се работи за вистинскиот момент, искажувањето љубов може да и помогне на врската да продолжи да се развива. Но, ако времето е погрешно, кажувањето „Те сакам“ може само да создаде чудни моменти и проблеми.

Оттука секако се поставува прашањето за тоа кога е вистинското време и кога човек може да знае за сигурно?

Погледнете ги овие прашања, одговорете ги искрено и на крај ќе знаете! Одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да одлучите дали е време или не да искажете љубов или на вашата врска и е потребно повеќе развивање.

Дали криете работи од вашите партнери?

Ова можеби делува како детско прашање, но важно е. Луѓето кои се заљубени не кријат работи едни од други, тие се отворени книги кои сакаат да бидат прочитани. Ако криете работи тогаш можеби сѐ уште не вистинското време.

Дали очекувате совршенство?

Кога навистина сте заљубени во некого, вие ги сакате нивните маани, не само добрите работи. Љубовта почнува со прифаќање и важно е да сфатите дека ниту една врска и човек не се совршени. И најсреќните врски имаат подеми и падови и морате да имате способност да ги прифаќате сите работи.

Дали сте пријатели?

Не можете да имате стабилна врска доколку немате чувство дека истовремено сте и пријатели со вашите партнери. Пријателите заедно се смејат, делат заеднички интереси, заеднички ги решаваат проблемите и најважно од сѐ, се поддржуваат еден со друг.

Дали сте љубоморни и зависни?

Довербата е важна и мора да биде дел од вашата врска пред да кажете „Те сакам“. Ако не можете да бидете без него 5 минути или пак полудувате од љубомора кога не сте заедно, тогаш најверојатно треба да почекате. Научете да му верувсте на вашиот партнер, инаку нема да можете да ги сакате како што вие сакате да ги сакате.

Дали се работи само за физичка врска?

Сексуалната хемија е многу важна за секоја врска. Но, не може да биде темел на целата врска. Ако целата врска ви се заснова на секс, таа ќе стане досадна и ќе избледи.

Дали имате научено од минатото?

Минатите врски можат да нѐ научат многу за како да се однесуваме во сегашните врски. Откако ќе заврши врската, треба да одвоите време за да се преиспитате себеси, вашиот партнер, зошто работите завршиле онака како што завршиле и како може да се поправат некои работи во иднина. Ако немате ништо научено од минатото, тогаш што навистина им нудите на оние од другата страна? Ако навистина ги сакате, преиспитајте се себеси и она што можете да го понудите.

извор:скопјеинфо.мк

Прегледи:
330
Објавено на:
04.09.2017