Категории

Прашања кои треба да им ги поставите на луѓето кои сакате вистински да ги запознаете

Понекогаш, сакаме да ги запознаеме луѓето кои влегуваат во нашиот живот, но сакаме да знаеме многу повеќе од тоа што работат и што прават во својот живот.

Ова се некои подлабоки прашања кои можеме да им ги поставиме:

Која е твојата филозофија во животот?

Што би сакале да промените во својот живот?

Кој од твоите родители ти е поблизок и зошто?

Дали се сметаш себеси за интровертна или екстровертна личност?

Која е најдобрата фаза од твојот живот?

Која е најлошата фаза од твојот живот?

Што те прави да се чувстуваш исполнето?

Што те вади од такт во врската?

Каков родител би сакал/а да бидеш?

Кој е твојот најблизок пријател?

Ако си во лошо расположение, дали повеќе сакаш да си сам/а или да минуваш време со своите пријатели и блиски луѓе?

Што е идеален викенд за тебе?

Дали веруваш во втора шанса?

Што научи од претходните грешки во животот?

Прегледи:
297
Ознаки:
·
Објавено на:
28.01.2017