Категории

Прашања кои треба да му ги поставите на својот гинеколог

Можеби одењето на гинеколог не е баш најпријатна активност, но е неопходна за женското здравје. Она што секоја жена треба да го направи при посетата на гинеколог е да постави некои од овие важни прашања.

КОГА ТРЕБА ДА ПОЧНАМ ДА РАЗМИСЛУВАМ ОКОЛУ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЈАЈЦЕ КЛЕТКИ?
Разговорите на темата за планирање на зачеток треба да се земат во обзир во раните 30-ти години. Плодноста кај жената во голем дел од случаите опаѓа во 30-тите а ако ближите кон 40-тата шансите за забременување ви се дупло помали отколку кога сте имале 20 години. Доколку немате стален партнер, и уште не размислувате за бременост со навршени 35 години, треба да почнете да размислувате околу замрзнување на јајце клетки.

ДАЛИ МОЖАМ ДА ЗАТРУДНАМ ВО ТЕКОТ НА МЕНСТРУАЛНИОТ ЦИКЛУС?
Иако во текот на менструалниот циклус веројатноста за зачнување е мала, може да се случи жената да остане во бремена состојба затоа што сперматозоидите можат да преживеат во телото на жената до три дена. Иако многу жени сметаат дека менструацијата е добар вид контрацепција, таа всушност и не е. Ако не сакате да останете бремени, дури и во текот на менструалниот циклус би било добро да користите заштита.

ДАЛИ ИМАМ НЕКОЈ ПРОБЛЕМ БИДЕЈЌИ НЕ ДОБИВАМ РЕДОВНА МЕНСТРУАЦИЈА ОД КОГА КОРИСТАМ ПИЛУЛИ ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА?
Еден од несаканите ефекти на контрацептивните пилули е нередовен менструален циклус. Може дури да се случи жената по неколку месеци да не добива менструација што многу жени го сметаат за непосакуван ефект. Меѓутоа, пилулите за контрацепција можат да го пореметат циклусот но не и во потполност да го исклучат.

ДАЛИ СЕ ДОБИВА НА ТЕЖИНА ОД КОНТРАЦЕПТИВНИТЕ ПИЛУЛИ?
Ова е всушност прашање кое жените доста често им го поставуваат на своите гинеколози. Во текот на првите месеци на земање на пилулите за контрацепција освен нередовна менструација може да се случи да искусите поголема чувствителност во пределот на градите, мачнини, главоболка како и мало добивање на килажа – до 3 кг. Меѓутоа тоа се привремени несакани ефекти и после три месеци се би требало да се врати во нормала.