Категории

Правила во исхраната за жените: Овие 5 намирници избегнувајте ги по 30-тата година

Стручните лица од областа на здравата исхрана и водечките нутриционисти, составиле список од 5 производи кои треба да ги избегнувате по 30. година од животот. Ова особено важи за жените.

На прво место е шеќерот кој предизвикува воспалителни процеси во телото и им наштетува на колагенот и еластинот, кои се одговорни за младата и здрава кожа. Исфрлањето на чистиот шеќер нема да го реши вашиот проблем, бидејќи многу производи содржат скриен шеќер, чие внесување исто така мора да се регулира.

Потоа следат вештачките зачини и сосови: стручњаците препорачуваат да ги замените со природните зачини и сами да ги подготвувате сосовите.

Девојките над 30 години исто така треба да заборавт на тестенините, дозволувајќи си себеси само паста од цело зрно од пченица.

Треба да се ограничи и употребата на печива и бел леб кои содржат голема количина на шеќер и глукоза, што може да го попречи производството на колаген. Дајте му предност на пченичниот леб и корисните слатки.

Спротивно на сите митови за предностите на диеталните пијалаци, стручњаците советуваат дека по триесеттата година треба да ги исклучите од исхраната бидејќи нивниот состав негативно влијае врз хормоните на штитната жлезда.