Категории

Правила за мајките на девојчињата

Прочитајте ја листата на правила за мајки кои имаат девојчиња и кажете ни што ви се допаѓа, што не и што вие би додале вие на оваа листа.

1. Налакирајте и ги ноктите

Налакирајте и ги ноктите, а потоа дозволете и да си игра и да го уништи лакот. Научете ја да води сметка за својот изглед но дека најважно од се е да живее и да се забавува.

2. Научете ја да биде независна

Покажете и преку пример дека жената може да биде силна.
Пронајдете ги и следете ги своите страсти. Барајте начин и место да се изразите себе и своите таленти надвор од домот, мажот и семејството.
Дефинирајте се себе си, немојте да бидете она што другите го очекуваат од вас.

3. Верувајте во неа

Во моментите кога таа не верува во себе потребна сте и да верувате за двете. Без разлика дали се работи за некој предмет на училиште, важна училишна приредба или прв состанок…потсетете ја дека е независна и способна жена.

4. Кажувајте и дека е убава

Тоа и е потребно бидејќи сепак е девојче.

5. Сакајте го нејзиниот татко

Научете ја и неа да сака добар човек како што е самиот тој. Оној кој ќе ја пушти да биде тоа што е бидејќи таа е прекрасна.

6. Делете тајни

Комунуцурајте. Разговарајте за разно разни теми. Делете ги соништата, надежите и грижите.

7. Научете ја кога да се бори за себе, а кога да се откаже

Без разлика дали станува збор за некои момчиња од одделението кои ја задеваат поради тоа што носи очила или момче кое и вели дека е дебела, научете ја да не ги слуша.
Нека знае дека треба да бара почитување, бидејќи го заслужува.
Тоа не значи да возвраќа со удари или грди зборови бидејќи понекогаш повеќе се кажува со молчење но нека знае за кои битки треба да се бори.

8. Дозволете и сама да одбере кого ќе сака

Дури и кога ќе го “прочитате“ момчето за кое таа мисли дека е прекрасно, дозволете и да се вљуби во него и поштедете ја од зборување. Кога тој ќе го скрши нејзиното срце подржете ја наместо да и велите “нели ти кажав“.
Дозволете и да греши додека да го најде вистинскиот, а кога ќе се случи тоа кажете и го.

9. Бидете тука за неа

Кога е болна или има скршено срце дозволете и да дојде до вас, примете ја, гушнете ја. Кога и треба совет за момчиња, за училиште, за пријатели или облека нека ви се обрати вам. Затоа бидете тука за неа.

10. Научете ја да готви

Барем неколку едноставни рецепти.

Прегледи:
387
Објавено на:
26.08.2016