Популарниот шпански моден бренд Mango ја ангажира правнуката на легендарниот Ернест Хемингвеј – Лангли Фокс Хемингвеј за свое заштитно лице на новата кампања. 27-годишната Лангли работи како илустратор и модел, го обожава рок стилот и сака да комбинира авангардни парчиња. Од дирекцијата на брендот изјавија дека таа е совршено го отелотворува вибрациите на новата кампања која донесува препознатливи класични рок и street style парчиња, и поради нејзиното реноме како внука на најпознатиот американски писател и новелист, е вистинска чест за остварувањето на нивната соработка.
Во модниот едиторијал, Лангли ги носи најновите парчиња од пролетната колекција како кожни јакни, фармерки, и боемски блејзери.. Таа исто така изработи и специјално видео за брендот.