Категории

Пред венчавка – Нешта кои секој маж треба да ги направи за својата саканa

Мажот е тука за да биде потпора на својата идна сопруга во миговите на планирањето на венчавката кога знае да биде стресно. Секако важи и обратното, но овј пат издвоивме неколку нешта кои мажот треба да ги прави за својата сакана и пред бракот.

Иако најчесто девојките се тие кои превземаат голем дел од грижите околу организацијата на венчавката затоа што тоа е денот за кој сонуваат уште од мали нозе и сакаат секој детал да биде совршен, постојат бројни начини на кои и младоженците можат да се вклучат во планирањето.

Тоа се оние очекувани задачи како купување одело, заедничка одлука околу песната за првиот танц и помош при одлучување за други работи.
Но мажот е тука за да биде потпора на својата идна сопруга во миговите на планирањето на венчавката кога знае да биде стресно. Секако важи и обратното, но овј пат издвоивме неколку нешта кои мажот треба да ги прави за својата сакана и пред бракот.

1.Да и дава до знаење колку ја сака
Тоа не треба да бидат само зборови. Секој знак на внимание со кој мажот ќе и даде до знаење на својата партнерка колку ја сака во ваквиот период е доста важен.
Освен што ќе сакате да ги чуе тие зборови, ќе ја развеселат и мали пораки на хартија оставени на фрижидерот или нејзината работна маса. Секогаш е погодно време за романтика и мали изјави на љубов.

2.Да и биде поддршка во тешките мигови
Една од најголемите улоги на мажот е да ја поддржува својата сакана со сето свое срце, без оглед на тоа колку кризни моменти таа може да доживее при планирањето на венчавката. Знаеме дека таквата организација е стресна па девојките умеат да бидат премногу строги во однос на сето тоа.

3.Подарок
Ситница или нешто мало како накит – било каков поклон пред венчавката ќе биде убав знак на внимание. Да напоменеме дека тоа не мора да биде ништо распокошно и скапо. Може да биде нешто кое одамна го посакувала, нешто што ќе направи повторно и повторно да се заљуби во вас и да биде среќна што ве избрала за свој животен сопатник.

4.Заведување
Сексот го намалува стресот, а особено е добар во деновите пред венчавката кога сето она кое сте го испланирале доаѓа во финална фаза. Затоа немојте да заборавите на миговите за опуштање во кревет.

Прегледи:
631
Објавено на:
18.09.2020