Категории

Предизвик на Солвео отворен за сите студенти: Лансирање на нов производ- Од Код до Продукт

SOLVEO е платформа која што преку натпревари и работилници ги поврзува студентите со локалните компании за креативно решавање на модерните бизнис проблеми. Целта ни е на студентите да им дадеме шанса да го истакнат својот талент пред професионалци, а во исто време да работат на проект кој би можел да се реализира. Истовремено им овозможувате на компаниите достапност до иновативни решенија и голем број на свежи идеи.

По успешно реализираниот прв натпревар со 30 учесници студенти, Солвео објавува нов повик за натпревар за студенти. Заедно со партнерот doXteam, ќе им овозможиме на студентите да работат на проект за развивање на стратегија за лансирање на нов продукт. DoXteam е локална софтверска компанија која развива комплексни дигитални производи наменети за глобалниот пазар. Дел од нивните производи се www.doxbee.com и Sportypal. Тимската работа и колаборативното решавање на проблеми ќе биде во фокусот на овој натпревар.

Заедно со студентите ќе развиеме go-to-market стратегија која ќе биде пропратена со развој на брендинг и развој на веб-страна почнувајќи од нула. Овој пат предизвикот ќе биде да се тргне од дефиниран код и да стигнеме до продукт кој потецнијално ќе го освои глобалниот пазар. Дигиталниот продукт на кој ќе се работи за време на проектот ќе биде подетално објаснет во понатамошната комуникација со избраните учесници.

Натпреварот е наменет за сите млади ентузијасти со знаење и вештини во полињата на Е-бизнис, Е-технологии, Маркетинг, Менаџмент, Дизајн, Информатички технологии, ИТ Meнаџмент и слично.

Натпреварот ќе биде  организиран во 4 неделна интензивна програма која ќе се одржи во 7  работилници, а по завршувањето секој тим ќе го презентира своето решение пред представници од компанијата DoxTeam. Ги охрабруваме сите заинтересирани да аплицираат на оваа одлична прилика да работат на реален проект за компанија, да се вмрежат со професионалци и да го истакнат својот талент пред потенцијални работодавци.

Што треба да се направи во склоп на натпреварот?

  • Да се направи истражување на пазарот (локален и глобален), анализа на конкурентите и дефинирање на клучни вредности на новиот продукт
  • Да се дефинираат таргет потрошувачи и да се пронајдат потенцијални клиенти (на глобално ниво)
  • Да се направи стратегија за нов бренд, позиционирање и пробивање на пазари
  • Дизајн и брендинг на нов производ
  • Дизајн решение и базичен развој на веб страна
  • Тестирање на идејни решенија

Како да се пријавите?

Едноставно пополнете ја апликацијата на линкот http://www.solveo.co/natprevari-1-2/ најдоцна до 30.09. Селекцијата на учесниците ќе биде направена врз основа на квалитетот и содржината на одговорите во апликацијата.

Линк до нашата facebook страна:

Проект: Развој на дизајн и бренд стратегија за лансирање на нов дигитален производ: Од код до продукт

Отворени места: до 16

Награда: 31.000ден. (за победничкиот тим)

Компанија: doXteam

Краен рок за пријавување: 30.09.2016

Прегледи:
458
Објавено на:
22.09.2016