За овој викенд ви споделуваме листа на филмови кои се вистински рај за сите модни фанатички. Доколку сеуште не сте ги погледнале, ова е вистинска прилика да ги ставите на вашата листа на must watch за овој викенд.
BASIC INSTINCT
Иако се работи за мистериозен трилер, стајлингот на Шерон Стоун како заводлива femme fatale нема да остави рамнодушна ниту една вљубеничка во модата. Нејзиниот краток бел фустан комбиниран со бел блејзер ќе ви остане во сеќавање уште долго.
ATONEMENT
Кира Најтли во улога на богата аристократка, а божествените тоалети кои ги носи се сон на секоја дама.
CLUELESS
Култниот филм кој го следи животот на младата разгалена тинејџерка Шер Хоровиц и нејзината опсесија нејзиниот плакар да се состои само од брендови. Забавна комедија во која ќе уживате низ колоритните и весели комбинации на Алиша Сивестрон.