Последните денови од оваа година секогаш ги дочекуваме во предновогодишна еуфорија и пријатна зимска атмосфера. Како резиме на целата година, крајот е резервиран за искажување на благодарност, љубов и внимание кон сите оние кои тоа го заслужиле преку целата година.
Одбирањето соодветен подарок за новогодишните празници претставува напорна задача за секој од нас и воопшто не е едноставно да изберете изненадување кое што ќе и се допадне на другата личност.
За да бидете поинакви во вашиот избор потребно е да изберете уникатно изненадување како мал знак на внимание и благодарност за убавите мигови во изминатите 365 денови. За да не губите време во бирањето на подарокот, ние го имаме совршениот предлог за подарок за вашата омилена личност.
По повод новогодишните празници, подарокот кој најмногу ќе ги израдува вашите најблиски се наоѓа во хотел Руссиа. Подарете им убавина и релаксација, среќни моменти и спомени кои траат засекогаш.
Спа центарот во хотел Руссиа и салонот за убавина Корани Ис, ви нудат вредносни ваучери со кои што можете да уживате во користењето на многубројните услуги, поконкретно во сите поволности на Спа центарот и козметичкиот салон Корани ИС.
Со купувањето на еден од понудените ваучери, добивате единствена можност да подарите два подароци. Сите видови на релакс и медицински масажи, третмани за нега на вашата кожа и коса, капење, сауна. Покрај многубројните услуги, особено е важно да се напомене дека при третманите се користи најквалитетната козметика на познатите брендови BABOR и KÉRASTASE. Нека Hotel Russia – Spa & Beauty salon во текот на новогодишните празници бидат вашето катче за одмор и детоксификација, како и за одлична фризура, маникир, педикир и депилација. Започнете ја новата година свежи и подготвени за нови предизвици и успеси.