Категории

Предвреме родено бебе со тежина од 800 грама го победи коронавирусот

Бебе родено во иранскиот град Јазд, тешко 800 грама, го победило коронавирусот, соопштуваат иранските медиуми.

Станува збор за бебе кое е родено пред 40 дена од мајка која била позитивна на коронавирусот. Кај бебето исто така е потврдена заразата, рекол Нури додавајќи: „Денеска Емир Ерсалан тежок 1.200 грама го победи коронавирусот и тоа е еден голем успех.“

Инаку и мајката е успешно излечена и нејзината состојба е стабилна.