Компанијата „Скај“ го врати познатиот вонземјанин Е.Т повторно на Земјата за нивната Божиќна реклама, 37 години по легендарниот филм на Стивен Спилберг од 1982 година.
Е.Т откако оди во домот на Елиот, го пречекуваат неговите две деца кои врескаат кога ќе го здогледаат не знаејќи кој е тој. Сега веќе возрасниот Елиот го претставува Е.Т пред семејството. Оваа средба после речиси 40 години буди емоции, со порака дека празниците се период кога треба да помислиме на најдрагите личности.