Категории

ПРЕКРАСНА ПРИКАЗНА: НАЈГОЛЕМА СРЕЌА Е ДА ИМАШ ЌЕРКА!

Оваа приказна е посветена за сите вас среќници кои имате ќерка! Ќерката е дар од Бога за родителите…

Првиот ден од бракот, мажот и жената одлучиле да не примаат гости во својот дом и на никој да не ја отвораат вратата. Тој ден дошле родителите на мажот во посета, стоеле пред вратата и чекале да им отворат.

Мажот и жената се погледнале, тој посакал да им отвори врата, но бидејќи имале договор не го направил тоа, па родителите си заминале.

По некое време, истиот ден, на посета дошле и родителите од женската страна. Се погледнале и помислиле на договорот кој го имале. Но, наеднаш жената започнала да плаче: „Не можам да им го направам ова на моите родители…“ и ја отворила вратата. Мажот тивко стоел и молчел.

Годините минувале, а тие добиле четири сина. Петтото дете кое го добиле било девојче. Кога таа се родила таткото организирал голема, незаборавна веселба.

По веселбата неговата жена зачудено го запрашала зошто толкава веселба за нивното петто дете, а за ниту едно од претходните четири.

Сега гордиот татко едноставно и одговорил: „Затоа што само таа ќе ми ја отвори вратата, дури и кога нема да смее…“

Прегледи:
1116
Објавено на:
21.06.2016