Категории

Преку интернет бара девојка, но исклучиво со акрилни нокти!

Младо момче реши преку друштвените мрежи да бара девојка, но има едно многу необично барање.

Алекс кој има 25 години и наведува дека е фудбалер, сака девојка со вештачки нокти кои редовно ги одржува. Нема проблем со тоа од кој материјал се направени ноктите, но мора да бидат акрилни. За да нема забуни дечкото приложи и 2 фотографии на кои се гледа какви нокти му се допаѓаат.
„Кога ќе ја фатите за рака и ќе го почувствувате акрилот на нејзините нокти, мене од тоа ме полазуваат морници. Да, исклучиво со акрилни или пак француски типсови. Тоа ужасно ме возбудува. Со нив може да ме чешка по вратот и грбот“, напишал Алекс на својот профил.
Секако, неговиот пост набрзо стана хит и доби многу коментари.