Категории

Премногу често миење и дезинфекција на рацете доведува до испукана кожа – Како да си помогнете

Надворешниот слој на кожата е најважната и најсилна бариера против влегување на микроорганизми во телото

Хигиената е прв линија на одбрана од зараза со вирусот и неговото ширење. Сепак личностите кои имаат сува кожа или некој вид на кожно заболување, преку честото миење на рацете можат да ја оштетат кожата. Дури и оние кои имаат здрава кожа можат да претераат ако користат силни сретства за дезинфекција.

За да го избегнете ова, докторите советуваат да користите креми за раце после секое миење. Освен тоа, важно е добро да ги исушите рацете со чист и мек пешкир затоа што вирусите полесно се размножуваат на влажните површини.

-Мијте ги рацете со сапун и вода, потоа намачкајте хидратантен крем за раце.
-Користете хел за дезинфекција на база на алкохол и потоа користете крем за раце.

Кремите за раце се обавезни за третирање на дерматитис. Помагаат во обновувањето на кожата и треба да се нанесуваат после секое миење и кога ќе почувствувате дека вашата кожа е сува.

Прегледи:
791
Објавено на:
19.03.2020