Женкар или Дон Хуан како сакате, обично е многу згодно момче со фини манири.
Кога девојка/жена ќе запознае ваков човек таа се обидува да го “смири и промени“ и од него да направи човек со кој може да ја планира својата иднина.
Но овие четири знаци откриваат дека станува збор за заводник кој нема да се смири покрај една жена, бидејќи едноставно е таков.
# Сите ви посочуваат дека е заводник…ако слушнете од повеќе различни луѓе дека вашиот нов партнер често менува жени, верувајте дека тие немаат причина да ве лажат.
# Премногу е романтичен…овој тип на маж е навикнат вниманието на понежниот пол да го купува со подароци и романтични гестови, но сето тоа кратко трае.
# Тој е брзоплет џентлмен…мажите кои премногу брзо се впуштаат во љубовни односи, најверојатно не сакаат долготрајна врска.
# Тој е “совршен“…заводниците одлично глумат. Тие биле со толку многу жени што точно знаат што им се допаѓа, што треба да кажат во одреден момент и како треба да се однесуваат во сите ситуации.