Категории

Преслатки фотографии од првите близначки со различна боја на кожата

Кај секоја мајка постои возбудата за тоа кој ќе биде полот на нејзиното бебе или пак како ќе изгледа. Возбудата е уште поголема кога станува збор за близнаци, но може да го замислите шокот кога близнаците ќе бидат сосема различни?

Кога родителите се од различни раси, очекувано е бебето да биде уникатно. Со измешани различни гени, најчесто е спој од двете раси и има уникатен изглед. Замислете близнаци од двајца родители од различна раса, едното русокосо, со светла кожа, а другото со темна коса и кожа. Тоа никој не го очекувал.

Дона и Винс Ајлмер сакале четврто дете, но тогаш ги изненадила веста за близнаци. Така се родени Луси и Марија, на 16-ти јануари 1997 година. Двете се сосема различни, што било огромен шок за сите.

Нивниот татко е белец, а мајка им е половина Јамајканка, тие заедно веќе имале три деца, кои се мешавина од двајцата и имаат светло кафен тен.

 

Различностите довеле до тешкотии во нивното детство, на Мариа не и се допаѓала кадравата коса, а на Луси белиот тен. Иако мајка им ги облекувала исто, тие се чувствувале различно, а не како близначки. Дури и Луси била задевана во школо дека е посвоена, заради светлиот тен.

Сега близачките имаат 18 години и свој посебен стил, а ова е нивниот развој низ годините.

 

Прегледи:
870
Објавено на:
12.04.2018