(ВИДЕО) Познато е дека мачките се интелигентни животни. Тие можат да научат разни трикови, но веројатно досега никој не успеал да ја насмее гласно нивната мачка. Но, тогаш се појави сопственик на мачка и покажа дека е можно.
Портокаловата мачка повторува разни зборови по сопственикот Мејсон, па дури и имитира смеа.
„Ха-ха“, вели момчето додека мачката лежи на неговото рамо. „Ха-ха“, одговара таа. На неговото „ха-ха-ха“ повторно враќа со иста мерка.
„Ова е одлично“, коментира една личност на „ТикТок“, каде Мејсон ја покажа необичната вештина на своето милениче и собра повеќе од 21 милиони прегледи.
@maseplaceHahahaha #cootloop #catsoftiktok #whatitslike