Категории

Престанете да наоѓате изговори за негативните луѓе во вашиот живот

Борбата без крај мора да заврши!

Тоа се оние ситуации кога се жалите од вашиот безвреден партнер, но и понатаму мислите на него. Кога сте тажни поради пријателката која била безобразна спрема вас, но и понатаму одите на ручек со неа. Кога и понатаму пронаоѓате изговори за членовите од своето семејство кои ве злоставуваат само заради тоа што сте крвно поврзани.

Негативните луѓе се присутни во вашиот живот само затоа што вие им го дозволувате тоа.
Од една страна, разбирливо е. Не е лесно да се престане да се сака некого, дури и ако тој го нарушува вашето ментално здравје. Не постои дугме кое можете да го притиснетеи едноставно да престанете да го сакате. Тој процес е макотрпен, нема вистински начин на кој можете да го направите заминувањето да биде едноставно.
Но морате да сфатите и да го прифатите тоа, да го искажете на глас. Негативните луѓе многу често и не знаат дека се негативни. Тие се емоционални вампири кои го цицаат животот од вас. Но и понатаму вие пронаоѓате изговори за нив. Пронаоѓате причини да се обвинувате себеси или некоја ситуација во која се наоѓате.

Да тоа е една сива зона, но не можете константно да ја превземате одговорноста за луѓето кои ви нанесуваат болка. Заслужувате спрема вас да се однесуваат со почитување и љубезност. Верувајте, вие го заслужувате тоа. И во ред е да се спротивставите. Во ред е да го побарате она што го заслужувате. Во ред е да проценувате кои врсти на однос заслужуваат да бидат дел од вашиот живот. Во ред е да признаете дека нешто не сакате и дека постои нешто подобро од тоа што го имате.
Знајте го тоа, согледајте го и прифатете го. Слободата на вашиот избор лежи само во вас!

Прегледи:
444
Објавено на:
11.10.2019