Категории

Престанете да зависите од другите и станете независна личност

Сигурно често слушате како некој останува во незадоволувачка и лоша врска иако има можност да го прекине тој однос. Без разлика колку е лош тој однос, таа личност покрај се останува во врската и се надева на подобри денови.

 

Што е всушност зависност и како да ја разликувате од вистинка љубов?

Секој љубовен однос содржи одредена доза на зависност и тоа е сосема нормално. Додека ги делиме заедничките моменти и интересите со сакана личност, на тој начин се повеќе ги развиваме сопствените позитивни и најдобри особини. Меѓутоа зависноста се развива кога “Ми требаш” прераснува во крајност. На тој начин се лишиме од трите важни слободи: слободата да бидеме најдобри што можеме, слободата да ја сакаме личноста на основа на слободен избор и слободата на одржување и прекинување на односот.

Најчести изговори за останување во несреќна врска

“Како ќе издржам сама се од почеток?”

“Не е таа секогаш ваква, понекогаш знае да биде и многу разумна и нежна.”

“Имал само лош ден.”

“Тој е се што имам.”

“Не можам ни да замислам да бидам без неа.”

“Ме сака, само не знае како да го покаже тоа.”

“Таа е жената од моите соништа.”

“Иако многупати доаѓаше и си одеше, овој пат е навистина поразлично.”

Како да се издржи осаменоста

Најтешкиот дел во прекинувањето е издржувањето на самотијата. Тоа е период кога низ главата ни поминуваат милион мисли, па многу лесно може да се појави апстинентска криза, со вистинска физичка болка. Нашиот мозок е научен во текот на врската на одредена доза приврзаност која ја добиваме од другата личност и поради тоа чувствата можат да се споредат со апстиненциска криза како да престануваме со употреба на дрога или алкохол. Понекогаш ни се чини дека ќе полудиме, но секоја криза доживува кулминација. Потоа, секој ден се чувствувате се подобро и почнувате да се истражувате себе си. Во тој период голема поддршка можат да ви бидат пријателите, личности кои поминале низ слично искуство, најразлични книги, шетање. Кога ќе започнете да се истражувате себе си, што сакате, што ве интересира, по некое време ќе бидете спремни за нова здрава врска.

 

 

Прегледи:
509
Објавено на:
18.09.2017