Категории

Претставен најскапиот пар чевли на светот

Во чест на 10-годишното постоење на луксузниот хотел, за прв пат во модната историја на јавноста ќе им бидат претставени најскапиот пар чевли на светот.

 

Креирани од страна на дизајнерката Debbie Wingham, луксузниот хотел повика повика мбогубројни познати личности и широка јавност кои ќе можат да ги видат овие женски сандали чија вредност изнесува околу 15 милиони долари. Уникатните сандали со уметнички дезен се изработени од 24 каратно злато, преку 1000 дијаманти кои вклучуваат два розови дијаманти од 3 карати чија вредност изнесува по 4 и пол милиони долари, два сини дијаманти од по 1 карат во вредност од 2 милиони долари и четири бели дијаманти. Сите дијаманти се ретки поради својата боја и чистота.

Дизајнерката откри дека дијамантите кои ги користи на своите креации се најчесто приватна сопственост на клиентите кои сакаат да ги носат секојдневно а не само во специјални прилики..

Прегледи:
421
Објавено на:
27.10.2017