Категории

Претставена онлајн платформата „Ново Име”: Секој месец дo 2.500 евра за млади таленти во Македонија

Имаш помеѓу 16 и 30 години и живееш некаде, било каде на територија на Македонија? Поседуваш талент од областа на науката, културата, уметноста или спортот? А сакаш талентот да го претставиш на уверлив начин?

Ако одговори потврдно на сите овие прашања, имаме за тебе добра вест! Во прашање е проектот „Ново Име”, кој е официјално претставен во Скопје, а подразбира шанса за младите од Македонија да на светот му покажат некој свој талент и добијат можност да го унапредат со паричен износ дo 2.500 евра.

Станува збор за проект на компаниите претставници на Групацијата NOVOMATIC во Македонија и брендовите АДМИРАЛ, АСТРА и КАЗИНО ФЛАМИНГО ХОТЕЛ во кој, во текот на 2020. година, почнувајќи од 1. јануари, ќе се пружи поддршка на талентирани поединци, со возраст од 16 до 30 години кои живеат на територија на Македонија, да ги остварат своите сништа и амбиции. Компанијата на овој начин настојува да подржи млади, талентирани поединци и колективи кои вредно работат на позитивни промени и со своите активности во домените на науката, спортот, културата или уметноста позитивно влијаат на младите генерации.

Сите млади кои сонуваат, на пример, да ја објават својата прва збирка песни или приказни, или да го набават својот прв професионален инструмент , или да отпатуваат на некое престижно спортско или танцувачко натпреварување, „Ново Име” е права можност токму за нив!

„Проектот ‘Ново Име’ во потполност е поддржано од компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА, членка на австриската NOVOMATIC групација, која од 2008. работи во P. Македонија. NOVOMATIC групацијата е веќе четири децении помеѓу лидерите во светот на гејминг индустријата, а сите тие години несебично дава поддршка на млади, успешни луѓе, експерти и таленти од различни општествени сфери и помага бројни хуманитарни активности и случувања. Така и ние, како дел од таа успешна и голема фамилија одлучивме со проектот ‘Ново Име’ да дадеме можност на младите во Македонија да го претстават својот талент , да го откријат на светот и да за тоа, на крајот, бидат и наградени”, наведе Марија Саздовска, маркетинг координатор во компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА.

Сето тоа ќе се случува на онлајн платформата https://novoime.mk/ каде младите ќе можат да се пријават, да го претстават својот талент и потоа со гласањето од публиката да ја понесат ласкавата титула „Ново Име”. Проектот „Ново Име” е дел од општествено одговорната филозофија на компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА, членка на групацијата NOVOMATIC, еден од лидерите во гејминг индустријата