Категории

ПРЕУБАВ АПАРТМАН ВО МИНХЕН ОД 45 КВАДРАТИ: Прекрасен ентериер во кремови и кафеави нијанси

Кремови и кафеави нијанси, удобни перничиња на подот и необични детали го прават овој ентериер топол и посебен!

Деновите се веќе се пократки, температурите бараат долги ракави, а во некои домови веќе се извадени дебелите топли ќебиња и џемпери од плакарот. Поради доаѓањето на есенските постудени денови, влегуваме во оној периодот од годината каде особено уживаме во топлината на сопствениот дом.

 

Домовите што најдобро го опишуваат зборот топол се оние каде што е особено убаво да ги поминете есенските предвечерја и неработни викенди, а еден таков дом за кој штом го погледнете помислувате дека е премногу топол во Минхен го уредува Анџела Џovовани, која стои позади Инстаграм  профилот „ Tassels and Fringes “.

 

На само 45 квадратни метри простор за живеење, Анџела создала вистинска оаза во која доминираат крем и кафеава боја.

 

Внимателно избраните детали му ја даваат на станот веќе споменатата топлина. Лустери и плетени корпи, перници од беж и крем, многу дрвени детали, истакнати sидови во сива и црна боја се само некои од причините што го прават овој стан да не излеземе од него до пролет – освен на балконот, кој е исто толку магичен како и остатокот од станот.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
553
Објавено на:
03.10.2019