Категории

Превкусно карпачо од тиквички

Состојки:

500 грама тиквички

100 грама немасно сирење

4 лажици маслиново масло

3 лимони

китка рокула

1 главица кромид

30 грама маслинки

2 лажици оцет балзамико

малку оригано, сол и црн пипер.

Приготвување:

Тиквичките исечете ги на тенки лентички и потоа потопете ги во сокот од цедените лимони. Оставете ги да отстојат час до два.

Потоа, извадете ги тиквичките од лимоновиот сок, ставете ги во чинија, врз нив прво ставете од рокулата и исечканиот на кругчиња кромид, па изрендајте малку од немасното сирење, наросете маслиново масло, балзамико, сол, оригано и црн пипер. На крајот додадете ги маслинките.

Чинијата за мезе оставете ја во фрижидер час –два пред да послужите.

Прегледи:
535
Објавено на:
28.05.2016