Категории

Преживеал напад од мечка, ајкула и змија: Ова момче има неверојатна среќа

20 годишниот Дилан Вилијамс од Колорадо, имал неверојатна среќа и тоа дури три пати.

Тој преживеал три напади смртоносни предатори- мечка, ајкула и змија.

Овој авантурист последната смртоносна средба ја доживеал на Хаваите, кога го нападнала ајкула додека сурфал.

-Беше лудо. Изгледа дека немам многу среќа, но имам среќа во несреќа, раскажува Дилан за Би-Би-Си.

Уживал во брановите на Пацифичкиот океан кога почувствувал дека нешто го гризнало за нога.

-Видов ајкула под мене. Почнав да ја удирам, ја удрив еднаш и почнав брзо да пливам накај брегот.

 

A post shared by Dylan McWilliams (@dmcw1998) on

Бил загрижен поради трагата крв која ја оставил зад себе, а во овој момент не знаел ни колку ногата му е повредена.

Тигар- ајкулата која го нападнала Дилан, долга скоро 2 метри, го каснала Дилан и му направила огромна рана која ја шиеле со седум конци.

Дилан раскажува дека баш ги насекирал своите родители, кои се противат на неговиот животен стил. Ова 20 годишно момче патува низ Америка и Канада носејќи го само својот ранец, а своите патувања ги финансира со своите чудни професии, како што е „инструктор за преживување“.

 

A post shared by Dylan McWilliams (@dmcw1998) on

Неговиот дедо кога имал три години го научил на техники за преживување и од тогаш ја засакал природата и дивината.

Тие вештини му го зачувале животот и во јули минатата година, кога сред додека кампувал го нападнала мечка.

-Мечката ме дофати за темето на главата, а јас го бодев во окото додека не ме пушти, раскажува Дилан.

 

A post shared by Dylan McWilliams (@dmcw1998) on

Успеал да се ослободи од мечката тешка 136 килограми, а наредниот ден надлежните служби го пронашле ѕверот и го успале. Дилан завршил со девет конци на главата. Покрај се тоа, тој ги обожава животните и не се откажува од седењето во природата.

-Само бев на погрешно место во погрешно време. Не ја кривам мечката, не ја ајкулата и не кај кривам змијата, вели тој.

Ја спомена змијата бидејќи преживеал опасно гризење и од неа, инцидент кој му се случил во Јута.

-Одев по патеката и налетав на кактус, во кој имаше змија, се сеќава тој.

 

#-15degrees

A post shared by Dylan McWilliams (@dmcw1998) on

Сепак, после гризнувањето не отишол во болница, бидејќи забележал дека во раната нема многу отров.

Дилан сега со нетрпение чека раната да му зарасне и да се врати на своите авантури во дивината.

Прегледи:
497
Објавено на:
23.04.2018