За жал, секој од нас има искусено неописливо голема болка откако најнеочекувано ќе се пресечеме со лист хартија. А после тоа се молиме за болката да заврши побрзо бидејќи е навистина неподнослива. Но зошто е тоа така?
Причината поради која што тие исечоци се толку болни се наоѓа во анатомијата на нашата кожа и структурата на листот хартија. Нашите прсти се премногу чувствителни и ги користиме во речиси сите секојдневни активности. Тие се исполнети со нерви и рецептори, чија функција е да носат сигнали до големиот мозок, известувајќи го за болка.
Всушност, хартијата и не е толку мека колку што ние ја замислуваме. Таа сече како пила, а на местото на раната остава хемикалии кои создаваат иритации. Поради тоа што раната не е длабока, не доаѓа до крварење, со што ја остава раната отворена преку целиот ден и праќа сигнали до мозокот за нашата болка.