Категории

Причини поради кои се уште не ви се јавил

Се запознавте, излеговте (или пак треба да излезете) но него го нема да се јави.

Цел ден чекате да ви се јави, да ви пише.

Гледате дека е online на Facebook и Viber, но вас ништо не ви пишал.

Пред да се разочарате, во прилог ви нудиме неколку причини поради кои тој можеби се уште не ви се јавил.

# Не е расположен за зборување/пишување…тоа не значи дека има врска со вас. Можеби има лош ден и не сака својата енергија да ви ја пренесе на вас.

# Повеќе сака да зборува очи во очи…излеговте неколку пати но за него допишувањето не е толку добро. Наместо да мислите дека нешто не е во ред помислете дека тој можеби е момче кое сака разговор лице во лице.

# Се плаши да не биде погрешно сфатен…не е вешт во допишувањето и е свесен за тоа. Не го оправдуваме но можеби се плаши да не не се разберете добро.

# Не сака да се допишува…иако мислите дека тоа денес е невозможно, некои луѓе и понатаму сакаат разговор во 4 очи.

# Можеби тоа му е дел од тактиката…немојте да ја исклучите можноста дека тој намерно ги игнорира вашите пораки за да предизвика уште поголемо внимание од вас.

# Се труди да остави впечаток на “недостижен“…ако ова се испостави како точно тогаш не е лошо да се преиспитате дали сакате да влезете во врска со таква личност.

# Телефонот му е расипан или пак е во болница…немојте да ги исклучите и најлошите опции.

# Можеби чека вие да се јавите…да постојат и мажи кои мислат дека вие нив треба да ги освоите!

Прегледи:
397
Објавено на:
15.04.2016