Категории

Причините ќе ве изненадат: Зошто мажите сакаат срамежливи девојки?

Срамежливоста не е проклетство, тоа е само поединечен избор на човекот да изгради одреден ѕид околу себеси. Но се додека жените знаат како да му дозволат на мажот да ѕирне преку оваа висока препрека за околината, ќе му го привлечат вниманието.

Многу мажи сакаат мистериозни девојки кои малку зборуваат. Ако сте една од нив, еве ги вашите предности:

1. Вие сте како мозаик и тој никогаш нема да знае дали ја прави вистинската работа за да ве импресионира. Вие сте предизвик за него!

2. Вашата срамежливост може да ја помеша со студена ароганција, особено ако сте убава. Ова ќе исплаши неколкумина, но ќе заинтригира многу повеќе мажи.

3. Мистериозни сте и непредвидливи затоа што вашите емоции не може да се дознаат лесно. Тешко ќе им биде да ве задоволат.

4. Срамежливи сте, слатки и женствени, а мажите полни со тестостерон сакаат вакви девојки.

5. Срамежлива сте, малку контактирате со други мажи, па тој ќе чувствува сигурност со вас.

6. Изгледате невино, а вашата нежност и кршливост во разговорите ќе биде магична за него.

7. Срамежлива девојка, која не е толку срамежлива во креветот е сон на секој маж. Ќе бидете одлична за него ако сте повлечена секаде, но дива во креветот.

8. Ќе се чувствува како ваш заштитник а тој ќе се чувствува одлично поради тоа.

9. Вашиот тивок глас ќе направи да гледа во вашите фасцијални изрази и говор на телото за да ве прочита и ќе му изгледате магично убава.

10. Денес се поретко можат да се најдат вакви девојки, па затоа ќе бидете повредни.

11. Мажите го сакаат чувството дека ја контролираат вашата врска, а вие како срамежлива ќе немате проблем да му го дадете кормилото.

12. Вие сте личност од доверба и нема да му се спротивставувате за постојано да ги докажува своите поенти, па лесно може да разговара со вас.

13. Потешко ќе допре до вашето срце за да ве запознае, па ќе му бидете како спакувано чоколатце кое едвај чека да го отпакува.

14. Врските со срамежливите девојки траат подолго затоа што е потребно подолго време да се запознаете и се гради посилна поврзаност.

16. Ќе се чувствува посебно затоа што од толку луѓе токму тој е одбран за да ве запознае целосно.

17. Со срамежливоста ја истакнувате мажественоста во него, па ќе направи се што е потребно за да бидете среќна. Ќе бара начини да ве засмее за да поцрвените или романтично да ве изненади.

Прегледи:
676
Објавено на:
02.10.2016