Вистински традиционален оброк од кујната на баба!
Состојки:
- 600 г мелено мешано месо
- 100 г ориз
- 1 главица кромид
- малку маст
- 1 главица лук
- сол
- мелена пиперка
- лута пиперка
- ловоров лист
- бибер во зрно
- мелен бибер
- кисела зелка
- 300 г суви ребра
Подготовка:
На масло пропржете го исечканиот кромид, додадете црвена мелена пиперка, мелен бибер, ситно исечкан лук, малку лута пиперка, па додадете го меленото месо и пропржете. Тргнете го од шпорет и додадете ориз и соедините.
На листовите од зелката отстранете го тврдиот дел, на средината од секој лист ставете лажица фил, завиткајте ги ивиците на зелката и завиткајте ја сармата. Наместете ја секоја сарма во тенџерето.
На средина ставете ги исечените ребра и исечената средина од зелката. Додадете ловоров лист, неколку зрна бибер и поголема лажица маст. Потоа налијте со вода и варете околу 2.5 часа на тивок оган. Доколку е зелката премногу кисела, задолжително пред сѐ измијте ги листовите.