Категории

Пријателство со поранешните партнери? Еве што велат психолозите!

Сите имавме барем еден прекин со партнерот во животот, а само ретките ја пронајдоа “сродната душа“ во првиот обид. И сега се прашувате што е следно? Дали треба да останете во пријателски однос со лицето со кое некогаш сте биле поврзани и интимни, или е подобра опција да се откажете од секој контакт?

Што се случува ако останете пријатели?

Ако останете пријатели со вашиот поранешен партнер поголема е веројатноста да поминете низ емоционални кризи, и да се прашувате дали донесовте добра одлука. Сепак, повеќето луѓе сакаат да останат пријатели со нивниот поранешен партнер, бидејќи не сакаат да го почувствуваат отсуството на личноста која некогаш била важна за нив.

Дали е ова добра идеја?

Психолозите тврдат дека дури и недостатокот на физичката привлечност и контактот не можат да ве спречат да останете зависни еден од друг; емоционално, ментално и психички. Доаѓа до мешање на емоции, сеќавања, среќа, гнев и љубомора, па и можност истото лице повторно да ве повреди.

Работите ќе се влошат

Психолозите тврдат дека работите ќе се влошат, бидејќи вашето пријателство ќе ве спречи да продолжите напред и да влезете во нови врски.

Продолжите понатаму

Најдобро решение е да заборавите и продолжите понатаму, без контакти со бившите партнери. Иако ова можеби ќе ви биде болно, треба да сфатите дека вашата врска заврши и дека ви останаа две опции; да се смирите или да продолжите по својот пат. Не ветувајте дека ќе останете во контакт, бидејќи го повеќето луѓе не остануваат во контакт после прекинот на врската, а времето ги лекува сите рани.