Категории

Пријавете се на бесплатниот конкурс за негувател/ка и внесете среќа, љубов и внимание во нечие секојдневие!

Стареењето е природен процес во човековиот живот кој има своја убавина исто како и секој друг период од животот. Стареењето означува искуство, мудрост, растење на нови генерации во семејството и многу среќни моменти. Но, како и секој природен процес, така и во староста честопати е потребна помош при извршувањето на секојдневните обврски за удобен и квалитетен живот.


Токму за таа цел, создаден е Нега Центарот – социјално претпријатие кое нуди домашна грижа и нега од страна на сертифицирани и професионални негуватели на стари и немоќни лица. Сервисот е наменет за секој оној кој не е во можност да се грижи и функционира самостојно, но сака да остане во удобноста на својот дом.


За сите клиенти се нудат и социјални услуги од страна на социјални работници, психолози и обучени волонтери за работа со стари лица. Доколку сакате да внесете среќа, љубов и внимание во нечиј живот и припаѓате на ромската етничка заедница, а притоа сакате да уживате во својата работа, пријавете се на конкурсот на Нега Центар и искористете ја можноста да бидете дел од стручната обука верификувана од МОН. Потврден квалитет кој може нескромно да се пофали со над 85 обучени негуватели и над 30 веќе ангажирани во Нега Центар!


Пријавете се на бесплатната обука за негувател/ка и стекнете се со верификуван сертификат. Конкурсот трае до 18. јули 2019 година.

Информации за контакт на: [email protected]  и 070/35 22 46 (08-16 часот пон-петок).