Категории

Приказна која што ќе ги разбуди сите ваши чувства и ќе ве маѓепса…„Куќата во Амалфи“ од денес во продажба #КнигаНаНеделата

Од Холивуд Хилс до улиците на Барселона, од бујни лозја и винарски визби до најексклузивните домови во Европа, дозволете Елизабет Адлер да ве одведе на едно незаборавно патување.

Монте Карло, Париз, Венеција, Сен Тропе…Елизабет Адлер ни носи приказни исполнети со возбуда, мистерија, љубов. од најубавите делови на светот.  Елизабет Адлер е англиска писателка и бестселер автор на љубовни романи и љубовни тирлери и е една од омилените авторки на македонската читателска публика. Од денес достапна е во продажба нејзината нова книга „Куќата во Амалфи“, а и нејзините останати книги ќе можат да се купат по специјални цени,

 

Во Лондон го запознава нејзиниот сопруг, Ричард, млад американец и ТВ лице, набрзо оди со него во Рио, но тука почнува нивната љубов и нивното патешествие низ светот. Живееле на различни места низ светот, Бразил, Калифорнија, Лондон, Прованса, Париз, Даблин…

Позната е по тоа што пишува за местата кои ги посетила, а многу од нејзините ликови имаат прототипи од нејзиното семејство, роднини или личности кои ги среќава во животот.

Таа живее во Палм Спрингс, себе си се опишува како голем љубител на патувања, обожава да готви и ги обожава нејзините мачки.

Сега Адлер не носи кон драматичните карпи и морето на италијанското крајбрежје на Амалфи, во една приказна полна со тајни, сеќавања и неочекувана љубов…

 

Приказната е за Ламур, која е растргната меѓу две мистерии и еден привлечен човек. Таа ќе открие дека вистината од минатото се појавува кога најмалку очекуваш. Тајните на ова прекрасно крајбрежје, каде минатото и сегашноста се судираат, предизвикуваат неочекуван пресврт. Ламур мора да се соочи со работите од кои се плаши најмногу и да најде храброст да го живее животот онака како што сака.

„Куќата во Амалфи“ е книга што ќе ве понесе и нема да ја оставите. Роман што ќе ги разбуди сите ваши чувства и ќе ве маѓепса, а само денес сите книги на Елизабет Адлер се со специјален попуст во книжарницата Култура, или во нивната онлајн книжарница.