Категории

Приказна за богатството и среќата: Нека приказната на ова момче ви биде денешна позитивна животна лекција

Вистинското богатство, како и вистинската среќа, не се мерат со материјалните работи. Љубовта, пријателството и слободата се далеку повредни.

Си живеело еднаш едно момче, чие семејство било многу богато. Еден ден неговиот татко го земал со себе на пат во едно сиромашно село. Целата на патувањето била да му покаже на својот син како живеат сиромашните луѓе, за да тој кога ќе порасне ќе умее да го цени своето богатство.

Така пристигнале до селото, на една фарма, кај едно многу сиромашно семејство. Тие таму поминале неколку дена и на патот кон дома, таткото го прашал својот син дали му се допаднало патувањето.

-Беше прекрасно тато, одговорило момчето.

-Дали забележа како живеат сиромашните луѓе, го прашал таткото синот.

-Да, забележав, кажало момчето.

Таткото го замолил синот да му ги раскаже своите впечатоци од нивното патување.

-Ние имаме само едно куче, а тие имаат четири. Во нашата градина се наоѓа базен, додека тие ја имаат реката, која нема крај. Имаме скапи лампиони, но тие ноќе ги имаат ѕвездите над нивните глави. Ние имаме само мало парче земја, додека тие ги имаат бескрајните полиња. Ние мораме да купуваме храна, а кај нив таа расне. Имаме голема ограда за заштита на нашиот имот, на нив тоа не им треба, затоа што имаат пријатели да ги штитат, раскажало момчето.

Таткото бил шокиран, не можел да прозбори ниту збор.

Тогаш момчето додало:„Ти благодарам татко што ме донесе да видам колку сме ние сиромашни“.

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
604
Објавено на:
19.11.2016