Категории

Применете ги овие трикови и мувите ќе бегаат од вас и од вашиот дом

Освен што се здодевни, мувите се и извор на зараза. Имено, мувата на своите нозе прекриени со ситни влакна носи околу милион бактерии и предизвикува околу 600 различни болести ако пневмонија, уринарни инфекции, труење на крвта и труење од храна.

Еден од наједноставните и најделотворни начини за да ги спречите мувите да влезат во вашиот дом е да наполните обична провидна кеса со чиста вода.

Прочитајте како да се ослободите веднаш од мувите:

  • Кесата наполнете ја до половина и заврзете ја цврсто.
  • Обесете ја пред вратата или прозорите кои се отворени, а на нив немате заштитна мрежа.
  • На овој начин ќе ги спречите мувите да влегуваат во вашиот дом. Поради нивната структура на очите, бистрите кеси исполнети со вода за мувите делуваат како мрежи од пајак, па затоа не им се приближуваат.
  • Се тврди и дека кесата со вода ги дезориентира мувите и им создава илузија која ги држи подалеку од неа.
Прегледи:
528
Објавено на:
28.06.2018