Категории

Фото: Принцот Џорџ тргна во градинка

Тоа е многу важен момент за секое дете, а особено за идниот крал. Принцот Џорџ ја започна својата училишна доба, а гордите родители со голема радост ја споделија фотографијата од нивото синче на социјалните мрежи.

Двегодишното момче мама и тато го испратија се до портите на градинката “Westacre Montessori School”, во близина на нивната семејна куќа во Норфолк. Русoкосото момче престојувало само неколку часа со цел постепено да се прилагоди на часовите.

Војводката Кејт лично го фотографирала Џорџ и сликите ги објавила на Твитер, каде за помалку од 20 минути доби повеќе од 30.000 лајкови.

принц1

Вилијам и Кејт одлучиле да го запишат Џорџ во локалната градинка затоа што таа им одговара поради нејзината близина до нивниот семеен дом.Еден поминат ден во оваа градинка чини 45 евра, што е значително поевтино од другите слични институции во Лондон.

Прегледи:
519
Објавено на:
08.01.2016