Категории

Принцот Хари го дизајнирал свршеничкиот прстен на Меган Мaркл

По објавувањето на веста за свршувачката помеѓу принцот Хари и американската актерка Меган Маркел, пристигнаа и првите нивни фотографии на кои Меган гордо го покажа свршеничкиот прстен, кој има посебна симболика.

Принцот Хари за нивното прво појавување ја одбра градината која е дел од палатата Кенсингтон.  На овој начин, тој сакаше да и оддаде признание на принцезата Дијана, која многу ја сакаше градината.

Посебна посвета за принцезата Дијана е прстенот кој принцот Хари и го даде на Меган. Имено, принцот Хари сам го дизајнираше прстенот, кој содржи два дијаманти кои се дел од личната колекција на принцезата Дијана. Во средината на прстенот е дијамант од Боцвана, земја што има посебно место во срцето на Хари.

Според најавите, нивната свадба ќе се одржи наредна година, во пролет. Деталите за свадбата, како и точниот датум на церкомијата се уште се непознати.