Категории

Принцот Хари на својата свадба ќе покани две поранешни девојки

Принцот Хари на својата свадба со Меган Маркл која ќе се одржи на 19-ти мај планира да покани две свои поранешни девојки. Станува збор за девојките Челси Дејви и Кресида Бонас.

Принцот и Челси својата врска ја започнале во 2004, но врската завршила во 2011 година.. Во 2012 година Бонас му била претставена од принцезата Евгенија, но девојката не била подготвена да се омажи за него. Сепак, по разделувањето со нив, тој останал во пријателски односи.

На Меган Маркл не и пречи што тие ќе присуствуваат на нивниот голем ден.